Државно Правобранителство - Република Македонија

Вести и соопштенија
Свечено отворање

Фото галерија од Свеченото пуштање во употреба на новите деловни простории на Државното правобранителство за подрачје Прилеп, на ден 07.05.2009.

 

 
Средба на Државните правобранители

Државниот правобранител на Република Македонија и Државните правобранители за Скопје ги посетија Јавното правобранителство на Република Србија и Јавното правобранителство Белград при што разменија мислења за статусот и надлежностите на Државно правобранителство на Република Македонија, Јавно правобранителство Република Србија и Јавно правобранителство Белград.

Средбата се оствари на ден 02.11.2009 година.

dprm-bg
Државниот правобранител на Република Македонија Оливера Китанова и
Јавниот правобранител на Белград Страхил Секулиќ

dprm-belgrade
Државниот правобранител на Република Македонија Оливера Китанова и
Јавниот правобранител на Република Србија Милан Марковиќ

 
Последен повик

ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
објавува

П О С Л Е Д Е Н   П О В И К

Се повикуваат сопствениците на општествени станови кои имаат заостанати неплатени рати за становите истите да ги исплатат најдоцна до 30.06.2010 година, после овој рок Државното правобранителство на Република Македонија ќе биде принудено неплатените рати да си ги наплати по судски пат.
Граѓаните кои благовремено ќе си го исплатат заостанатиот долг потребно е да достават до Државното правобранителство на Република Македонија (зграда на МРТВ – кат 6) потврда од банка за исплатена купопродажна цена.

Државно Правобранителство на Република Македонија

 
Известување

ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
објавува

И З В Е С Т У В А Њ Е

Државното правобранителство на Република Македонија ја известува јавноста дека на ден 19.02.2010 година (петок) до Комисијата за верификација на фактите доставени со нотарски заверени изјави од Државниот правобранител на Република Македонија и Државните правобранители за конкретно подрачје за несоработување со органите на државната безбедност за периодот опфатен со Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција (“Сл.весник на РМ” бр. 14/08 и 64/09).

Државно Правобранителство на Република Македонија